1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапската лига сака помирување со Израел

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJK

Арапските лидери на Самитот во Ријад, синоќа едногласно донесоа одлука да ја обноват мировната иницијатива со Израел која е усвоена од 2002 година. Иницијативата, одобрена без никакви измени, на Израел му нуди завршување на израелско арапскиот судир и нормализација на односите со сите арапски земји во замена за целосно израелско повлекување од окупираната територија. Израел пред пет години го одби овој план, но актуелниот премиер Ехуд Олмерт изјави дека ова може да биде добра основа за преговори.