1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аргентинецот Берголио е новиот поглавар на Римо-католичката црква

АТ/ макфакс14 март 2013

Римо-католичката црква има нов поглавар. Аргентинецот Хорхе Марио Берголио е папа Франциск - понтифекс на 1,2 милијарди католици во светот.

https://p.dw.com/p/17x5H
Фотографија: picture-alliance/dpa

Франциск (Франческо/Фрањо), од редот на исусовците и аргентински кардиналот Хорхе Марио Берголио е новиот поглавар на Римо-католичката црква, објави во вчера вечер кратко по 20 часот од балконот на базиликата Свети Петар, кардиналот архиѓакон Французинот Жан-Луи Туран со славната објава „Habеmus Papam" (Имаме папа).

Неговиот избор значи дека има неевропски папапрвпат во 1.300 години.

Вкупно 115 кардинали во средата го избраа наследникот на папата кој се повлече од службата Бенедикт Шеснаесетти и 266-от папа, со двотретинска поддршка, односно со гласовите на најмалку 77 кардинали во Кардиналскиот совет.

Откако го прифатил изборот, новиот поглавар на Римо-католичката црква бил запрашан со кое име ќе се именува кусо време откако заминал во т.н „собата на солзите“, мала просторија во Сикстинската капела во која ја облекол папската одежда (ревендура), и се подготвил за појавување на балконот од базиликата на Свети Петар.

Новиот римски бискуп, со црвено моцет и папска палија преку рамениците, потоа се претстави и го подели својот прв благослов Urbi et orbi (На градот и светот) и од тој момент започна неговиот понтификат.

Објавувањето на веста дека е изгласан нов папаго проследија околу 40 илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар со извиците „Да живее Папата“

Во XX век имаше вкупно осум конклави, а по два дена траеле оние во 1939 и во 1989 година, а пет дена во 1922 година. Просечниот број гласања потребни да се избере папата изнесувал осум. Папата Франциск, исусовец од аргентинската престолнина Буенос Аирес, беше избран во петтиот круг од гласањето.