1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ариел Шарон во критична состојба

5 јануари 2006

Израелскиот премиер Ариел Шарон за кратко време доживеа уште еден мозочен удар , овојпат со далеку посериозни последици. По повеќечасовната итна операција изведена поради силните мозочни крварења , лекарите соопштија дека Шарон се наоѓа во критична состојба.

https://p.dw.com/p/AcA5
Фотографија: AP

Само три недели откако претрпе поблаг мозочен удар , Ариел Шарон синоќа беше итно префрлен од неговиот ранч во Јужемн Израел во болницата Хадаса во Ерусалим . Овојпат неговата состојба беше далеку по драматична , . Лекарите во најдобропремената болница во Израел констатирале тежок мозочен удар , и силни внатрешни крварења во мозокот , по што израелскиот премиер беше подложен на шестчасовна операција . Неговиот советник Раанан Гисин , и самиот возбуден поради неизвесноста околу здравствената состојба на Шарон , мораше да одговори и на љубобитноста на големиот број израелски и странски новинарски екипи кои веднаш се најдоа пред болницита Хадаса:

„Се што можам да ви кажам во овој момент е она што неговиот лекар и останатите лекари ми го пренесоа мене . Операцијата е во тек , со цел да се запре внатрешното крварење и операцијата се одвива добро“

Неколку часа подоцна директорот на ерусалимската болница, ги потврди стравувањата дека овојпат за разлика од пред три недели здравствената ситуација на Шарон е значително полоша:

„ Премиерот е под седативи и приклучен на апарати за дишење . Може да се каже дека неговата состојба е критична“ – истакна Шломо Мор Јосеф.

Веднаш по ваквите вознемирувачки информации од болницата Хадаса , пристигна очекуваната вест дека надлежностите на премиерот се преврлени на неговиот заменик Ехуд Олмерт , а беше најавено дека тој во текот на денешниот ден ќе одржи вонредна седница на владиниот кабинет . Советникот во Владата Раанан Гисин објасни:

„ Се што можам да ви кажам сега е она што беше објавено. Беше изведена процедурата на предавање на власта и надлежностите на премиерот според законите за Владата на вице-премиерот Ехуд Олмерт . Сега тој е одговорен во целост за функционирањето на Владата . Истотака сите министери во кабинетот беа известени за состојбата на премиерот и сите му посакуваат се најдобро“

Се најдобро на Шарон веднаш му посака и американскиот претседател Џорџ Буш . Тој нагласи дека се моли за што побрзо заздравување на шароун кого го нарече човек на храброста и мирот.

Инаку израелскиот премиер секако денешниот ден требаше да го мине во болница каде што тербаше да му биде изведена помала операција на срцето за да биде саниран проблемот кој настана по првиот удар по здравјето кој го доживеа во декември. 77- годишниот Шарон кој популарно го нарекуваат булдужер ,меѓутоа тогаш мина само два три дена во болница , а потоа со засилено темпо им се врати на премиерските обврски .