1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армстронг се предава

ЕМФ/дв/дпа24 август 2012

Американскиот велосипедист Ленс Армстронг е соочен со загуба на неговите седум титули на Тур Д‘ Франс и доживотна забрана за настап на натпревари, соопшти американската анти-допинг агенција УСАДА.

https://p.dw.com/p/15vs1
Фотографија: dapd

Армстронг претходно соопшти дека нема веќе да се спротивставува на обвинувањата за допинг од страна на агенцијата. Својот чекор тој го образложи со објаснување дека сето тоа премногу го чинело него и неговото семејство. Тој уште нагласи дека се спротивставува на тоа и натаму да учествува во едностран и нефер процес. Допинг ловците пак, кои Армстронг го обвинуваат за долгогодишен допинг и тргување со нелегални супстанци, според сопствени наводи, поседуваат десет изјави на сведоци, поранешни колеги на Армстронг. Инаку, американскиот велосипедист со години е конфронтиран со обвинувања за допинг, но досега никогаш не бил позитивен на тестовите.

Армстронг, во својата писмена изјава во која наведува дека се откажува од натамошна борба против УСАДА, соопштува дека во иднина ќе се занимават само со својата фондација, борбатапротив ракот и неговото семејство. „Со поглед насочен кон иднината ќе се грижам за своите пет прекрасни и енергични деца и ќе се посветам на борба против ракот, а ќе се обидам и да бидам 40-годишник со најдобра форма и кондиција на планетата“, пишува Армстронг.