1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атентат врз претседателот на Источен Тимор

11 февруари 2008

Со него требаше да се врати стабилноста во кризниот регион: носителот на Нобелова награда за мир Жозе Рамос Хорта од пред една година е претседател на Источен Тимор а денес е тешко повреден во атентат

https://p.dw.com/p/D5Vo
Хорта при гласањето на претседателските избори пред една годинаФотографија: AP

Претседателот на Источен Тимор Жозе Рамос Хорта бил застрелан во неговата куќа во Дили. Пред неа рано утрото со возила поминале бунтовниците на , со месеци бараниот поранешен офицер, Алфредо Реинардо и отвориле оган. Подоцна тоа го потврди портпаролката на мировните сили од ОН во Источен Тимор, Изабел Абрик.

„Можам да потврдам дека имало пукање врз куќата на претседателот. Тој е повеќекратно повреден и се наоѓа под медицинска нега“

Хорта ставен во вештачка кома

Рамос Хорта бил погоден во стомакот и во градниот кош и по итната операција во Дили бил префрлен во болница во австралискиот град Дарвин. Лекарите таму истакнаа дека состојбата му е стабилна , но критична и затоа тој е ставен во вештачка кома.

Од заседа било пукано било и врз автомобилот на премиерот Ксанана Гусмао ,кој минал неповреден во нападот. Подоцна тој изјави дека координираните напади на бунтовниците преставуваат „сериозен удар за демократската држава“.

Австралија ќе испрати дополнителни трупи во Источен Тимор

Инаку според телевизиските извештаи, водачот на бунтовниците Алфредо Реинадо бил застрелан од силите на безбедноста. По него веќе две години имаше потерница поради нередите кои ги предизвика во 2006-та година,и во кои загинаа околу 40 луѓе.

Австралија , која тогаш беше повикана да испрати сили во Источен Тимор за деескалација на кризата , сега најави испраќање дополнителни трупи:

„ Австралија е долготраен партнер и пријател на Источен Тимор. Така ќе биде и во иднина , вклучително и во ова време на национална нужда“ -изјави премиерот на Австралија Кевин Руд.

Поранешната португалска колонија Источен Тимор се стекна со независност од Индонезија во 2002 година.