1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атина: Ако не го признава Кипар, за Турција нема место во ЕУ

СН/бг/миа25 декември 2013

Грчките власти реагираат на изјавите на турски претставници за непризнавање на постоењето на Кипар со став дека со такви размислувања Турција нема што да бара во Европската Унија

https://p.dw.com/p/1Agmh
Фотографија: picture-alliance/dpa

Грција не гледа никаква смисла за отпочнување на какви било преговори за членство на Турција во Европската унија, се додека Анкара не ја признае Република Кипар, изјави портпаролот на грчкото Министерството за надворешни работи, Константинос Кутрас.

Коментарот на Кутрас претставува реакција на изјавата на шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу при потпишувањето на Договорот за реадмисија со Европската комисија, дека Турција не го признава постоењето на Кипар.

„Ако Турција не ги разбира и не ги прифаќа таквите прости и фундаментални факти, какви били конкретни преговори за нејзината европска перспектива немаат никаква практична смисла“, истакна Кутрас.

Изјавата на Давутоглу за непризнавање на Кипар не е прв таков став на висок турски претставник. Во ноември, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека „нема држава која се нарекува Кипар, туку има само грчко-кипарска администрација, која е примена во ЕУ од политчки причини“.