1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атина го лажела Брисел за државниот дефицит

21 септември 2004
https://p.dw.com/p/AcL0

Грција со години испраќала лажни податоци до Европската комисија што се однесува до нејзиниот државен дефицит за да го прикрие пречекорувањето на Пактот за финансиска стабилност на ЕУ. Ова денеска беше објавено во Брисел:

“Докажано е дека имало корекции од грчка страна. Во соопштението се вели дека министрите се загрижени за обемот на неточноста на грчките податоци“ - изјавио денеска во седиштето на ЕУ, портпаролот на надлежниот коемсар за прашања на заедничката валута, Герасимос Томас.

Забелешката на портпаролот се однесува на средбата на неформалната средба на министрите за финанции во холандскоот Шевенинген пред 10 дена, каде нивниот грчки колега признал дека државниот дефицит бил поголем од пријавениот и тоа уште од 2000-та година. За потсетување Грција и пристапи на зоната на еврото со задоцнување во 2001-та, токму бидејќи не ги исполнуваше критериумите за државното задолжување и за стапката на инфлација.

Европскиот завод за статистика уште од 2002-та постојано се жалеше на материјалот што го добиваше од официјална Атина, што значи дека веќе имало сомневање. Новата влада во Атина сега ги признава нерегуларностите и одговорноста за нив секако ја префрла врз претходната влада на ПАСОК.

Запрашан дали станува збор за смислена лага на Грција, портпаролот на Комисијата Герасимос Томас посочува:

“До сега не сме имале случај каде државите намерно ги фалсификувале податоците. Но во сите извештаи на Европскиот завод за статистика уште од 2002-та се вели дека во минатото имало проблеми со грчките статистики!“