1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атомските сили притискаат врз Израел

29 мај 2010

Земјите-потписнички на Договорот за неширење на атомаско оружје во Њујорк постигнаа консензус околу дополнувањата на Договорот за неширење на атомското оружје. Израел се става под притисок да го потпише Договорот.

https://p.dw.com/p/NcdL
Фотографија: AP Graphics

За реализирање на целта Блиски Исток без атомско оружје, со најновиот договор од Њујорк под притисок се става и Израел да го потпише Договорот за неширење на атомско оружје и да и` дозоволи на Меѓународната агенција за атомска енергија да изврши инспекција на нуклеарните постројки на земјата, оти се претпоставува дека Израел поседува вакво оружје. Владата во Ерусалим ова никогаш официјално ниту го потврдила, ниту демантирала. Како земја која го нема потпишано Договорот за неширење на атомско оружје, Израел не учествуваше на конференцијата во Њујорк.

Регионална конференција на Блискиот Исток во 2012 година

Symbolbild Atomwaffen Israel
Израел никогаш ниту ги демантира, ниту ги потврди своите нуклеарни амбицииФотографија: AP/DW

Во завршниот документ се предлага уште една иницијатива за Блискиот исток без атомско оружје, имено во 2012 година да се одржи меѓународна конференција, на која би учествувале сите земји од регионот и на која би се потврдила основната заложба за забрана за оружје за масовно уништување на Блискиот исток.

САД инаку долго се спротивставуваа во завршниот документ експлицитно да се наведе Израел, но според дипломатите се откажале од натамошно давање отпор, оти постоело опасност да пропадне конференцијата на ОН. Сепак, американските претставници потоа нагласија дека жалат што Израел е директно именуван. Претставници на американската влада нагласија дека би можела да биде создадена зона без оружје за масовно уништување, ако се воспостави арапско-израелски мир и ако Иран се откаже од своите нуклеарни амбиции. Во завршниот документ на конференцијата Иран не беше именуван.

Договорот постои веќе четириесет години

Symbol Atom Atomwaffen Atombombe
Атомското оружје се смета за една од најголемите закани на денешницатаФотографија: AP Graphics

Договорот за неширење на нуклеарно оружје беше усвоен во 1970 година. Тој дозволува петте официјални атомски сили да поседуваат бомба и ги обврзува сите земји, како замена за поддршка за спроведување на атомски истражувања за цивилни цели, да се откажат од атомско оружје. Договорот го немаат потпишано Индија и Пакистан, кои исто така поседуваат атомско оружје. Северна Кореја, која според сопствени извори работи на атомска бомба, во 2003 година го анулираше својот потпис на Договорот.

Секои пет години се одржува средба на земјите-потписнички на Договорот. Конференцијата во 2005 година беше безуспшена, поради блокада од САД, Иран и Египет и не беше усвоена завршна декларација.

Автор: АТ/ТТ/дпа/ртр/афп/апн

Редактор: Трајче Тосев