1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Афера "Вилдмозер”

11 март 2004
https://p.dw.com/p/AcPD
Карл Хајнц Вилдмозер со синот
Карл Хајнц Вилдмозер со синотФотографија: AP

Германскиот министер за внатрешни работи, Ото Шили бара брзо расчистување на корупцискиот скандал околу претседателот на фудбалскиот клуб Минхен 1860, Карл Хајнц Вилдмозер. Само така може да се спречи врз фудбалското првенство 2006-та година да падне сенка, вели Шили. Во фокусот на обвинувањата, сега, според обвинителството во Минхен, се наоѓа синот на Вилдмозер. Но, тоа не значи дека таткото е сосема ослободен од сомневањето дека примил мито за изградбата на новиот минхенски фудбалски стадион ”Алијанц Арена”, вели раководителот на обвинителството, Кристијан Шмит-Зомерфелд.

”Нема да речам дека Вилдмозер е ослободен од обвинувањата, но сега работата се фокусира врз синот.”

Претставниците на спортот и политиката стравуваат дека аферата ќе му наштети на имиџот на Германија пред фудбалското првенство во 2006-та. Франц Бекенбауер, претседател на Органзизациониот комитет за светското превенство, вели:

”Оваа вест се разнесе низ светот. Можам да си претставам дека тоа е прочитано во најзафрленото место на светот. Сигурно ќе остане нешто да виси, но тоа се случува и веќе не може да се избегне.”