1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети: добар амбиент да се најде решение за името

25 ноември 2009

Претседателот на Демократската унија за интеграција оценува дека во преговорите со Грција постои добар амбинет да се најде прифатливо решение за Македонија.

https://p.dw.com/p/KgEy
Али АхметиФотографија: Petar Stojanovski

Мислам дека треба да се истакне дека Македонија направи позитивни чекори во правец на интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ. На 7 декември очекувам дека ќе има потопла клима иако е декември, кога обично е студено. Мислам дека сите овие активности што се случуваат деновиве ќе го направат овој датум позитивен за Македонија, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во интервју за телевизија А1.

„Јас верувам во ангажманот на сите страни, верувам дека земјата нема потреба од криза, но исто така нема потреба да се врши психолошки терор врз граѓаните на Македонија, бидејќи работите се движат во добра насока. Досега не сум слушнал, ниту видел, ниту прочитал преговори какви ние водиме со нашиот јужен сосед во сите овие моменти да се одвиваат пред медиумите.

Како што реков, има добар амбиент да се најде прифатливо решение за Македонија, но и за Грција, да живееме во добрососедство, да работиме за зацрвстување на мирот и стабилноста и да обезбедиме подобра иднина за нашите граѓани и за идните поколенија.“

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска