1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари во Стокхолм

8 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6C

Нема план Б за идниот стастус на Косово, изјави во Стокхолм специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари, и со ова реагираше на изјавите од Косово, дека ќе се прогласела независнот без согласност на Русија. Не верувам дека некој на Косово при здрав разум би земал вакво нешто во предвид, рече Ахтисари на изјавите за независност. Важно е да се спроведе процесот на ОН, смета Ахтисари, кој учествуваше на конференцијата во Стокхолм посветена на Косово. Ахтисари, кој денеска ќе престојува во Берлин, изрази надеж дека ниту една постојана земја членка на Советот за безбедност нема да го искористи правото на вето против неговиот план.