1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Багдад го фали извештајот на Петреус

12 септември 2007

Џорџ Буш ќе го прифати предлогот на главниот командант на американските сили во Ирак,Дејвид Петреус до средината на 2008 година бројот на војниците да се намали за околу 30 илјади. Какви се реакцииите во Ирак

https://p.dw.com/p/Bf3S
Буш и ПетреусФотографија: AP

Тоа што официјален Багдад го поздрави извештајот за состојбата во Ирак од главниот командант на американските сили таму,Дејвид Петреус,беше очекувано.Зашто,положбата на ирачкиот премиер Нури ал Малики премногу зависи од тоа Американците што подолго и со што повеќе војници да останат во Ирак.Домашните уште долго нем ада бидат во состојба да с егрижат за редот и мирот во земјата.

И националниот советник за безбедност Муфак ал Рубаи,нем апроблеми со предложеното внимателно намалување на трупите.Тоа предвидува 30-те илјади војници,кои се дојдени дополнитено во Ирак од јануари ,да бидат повлечени до средината на 2008 година.Од тоа би произлегло дека ирачките трупи почесто од досега ќе треба да преземаат водечка улога во акциите,вели Рубаи.А за тоа тие с евеќе делумно подготвени.

Одговорните во Багдад особено го пофалија тоа што известувачите,покрај Петреус, и амбасадорот Крокер, ги признаа тешкотиите на ирачката влада.

Тие укажаа и на успесите кои ги постигнаа американските и ирачките трупи со засилениот ангажман против тероризмот од почетокот на оваа година.Тоа се однесува на главниот град Багдад и западната сунитска провинција Анбар.Во другите делови на земјата,пред се на север и на југ,терористичките акти станаа побројни.

Се на се,уште долго ќе бидеме зависни од помошта на америакнските војници,потенцираше асоветникот за национална безбедност.И владиниот портпарол Али Дабаг предупреди од предвремено повлекување на сите американски трупи.Тоа нема да го втурне во хаос само Ирак,туку целиот Блиски исток,смета Дабаг,кој меѓутоа изричито го фали извештајот на Петреус.

Дали ирачките владеачки политичари навистина се во состојба да се справат со проблемите во земјата,постои големо сомнение не само во САД.Ирачаните во мнозинство немаат доверба во владата.Критички се изрази и заменикот премиер Бархам Салех по извештајот на Петреус.Има мали напредоци во безбедносната состојба,рече тој.Но,тоа е благодарение на зголемувањето на бројнсота на американските војници.Неговиот заклучок:едноставно кажано,крајно мораме да спроведеме подобра политика.