1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн и Хамбургер во тесна трка за титулата

17 април 2006

На четири кола пред крајот , Баерн има предност од четири бодови пред тимот во Хамбург

https://p.dw.com/p/Aeiq
Балак стрелец за Баерн
Балак стрелец за БаернФотографија: picture-alliance/dpa

Во триесетото коло и двете екипи , славеа победи , Баерн на домашен терен во Алијанц аребната во Минхен протиб Арминија од Билефелд со 2: 0 додека Хамбургер славеше нагости во Дуизбург истотака со 2:0

Уве Мерле со автогол му помогна на Хамбургер да дојде во водство против последната екипа на табелата во Бундеслигата . Конечниот резултат на натпреварот во Дуизбург го постигна Бразилецот Аилтон. Тој по средбата истакна дека Хамбургер има шанси да стигне и до титулата и покрај супериорната позиција на Баерн во текот на целокупната сезона:

Баерн Минхен е фаворит , тоа е јасно , но во толку многу натпревари се може да се случи.

Сличен став има и неговиот соиграч , Давид Јаролим , кој беше задоволен од исходот на натпреварот против Дуизбург :

Тоа е повторно еден чекор напред . Реков дека ако ги добиеме сите останати натпревари , се е можно. Другите нормално истотака ја имаат работата во сопствени раце , но сепак , мораме да се концентрирама на самите себеси и ќе видиме“

Лидерот на табелата во Бундеслигата, баерн од Минхен победата пред 69 илјадната публика во Алијанц Арената ја обезбеди во финишот на натпреварот . Најдобриот играч на Баерн и на германската репрезентација Михаел Балак дотогаш беше исфиркуван од домашната публика поради одлуката да го напуште Баерн по Светското Првенство. Во петокот Балак на пресконференција соопшти дека е се поблиску до лондонскиот Челзи:

„Значи не е сеуште потпишан . Јас нормално имам свои размислувања и знам што сакам . Но не сакам сега тука многу да тематизирам околу тоа“

Меѓутоа во 69 минута од саботниот натпревар против Арминија балак на најдобар можен начин ги замолче незадоволните навивачи на Баерн. Тој постигна гол од 17 метри далечина и го доведе Баерн во толку посакуваното водство. Вториот гол за шампионот од Минхен го постигна ветеранот Мемет Шол, кој всушност беше и најзаслужниот за победата со оглед дека по неговото влегување во игра на средината од второто полувреме, Баерн заигра со поголема свежина и победничка желба.

Во директниот дуел меѓу две екипи кои настојуваат да обезбедат излез во Европа , се подобриот Баер од Леверкузен извојува победа дома против Борусија од Менхенгладбах со 2:1. Ова е четврта победа по ред на избраниците на тренерот Михаел Скибе, кои сега се наоѓаат на петата позиција на табелата.

Во 30-то коло се одигра уште еден натпревар меѓу два тима кандидати за пласман во купот на УЕФА. Херта во Берлин одигра пријателски 0:0 против Борусија од Дортмунд.

Екипата на Шалке 04 која се наоѓа 4 место на табелата не успеа да слави победа на домашен терен во Гелзенкирхен против претпоследно пласираниот Келн и на тој начин си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите. Резултатот на Фелтинс стадионот во Гелсенкирхен беше 1:1.

Третопласираниот Вердер истотака не успеја да постигне повеќе од 1:1 на гости во Волсфзбург и да си обезбеди поголема предност пред Шалке за сигурен пат во Лигата на шампионите наредната година.

Екипите на двајцата Македонци во Бундеслигата , Ајнтрахт на Васовски и Мајнц на Новевски одиграа 0:0 во Франкфурт и натаму се во опасната зона на тимови на кои им се заканува испаѓање од Бундеслигата .

Кајзерслаутерн меѓутоа не успеа да им се приближи на Ајнтрајт и на Мајнц , по поразот на вчерашниот натпревар во Нинберг со 3:2 .

Во последниот вчерашен натпревар во Бундеслигата , Хановер и Штудгарт одгираа нерешено 3:3 .

И ако борбата за опстанок во Бундеслигата и натаму трае , веќе е познат еден од тимовите во втората лига кој наредната сезона ќе се натпреварува во елитната германска лига. Екипата на Алеманија од Ахен по 36 години пауза се враќа во Бундеслигата. Иако екипата дури денеска ќе го игра својот натпревар во 30-то коло од лигата против второпласираниот Бохум, вчерашната победа на Зарбрикен против четврто пласираниот Фиртен од Фирт , направи за четири кола недостижна разлика од 14 поени меѓу првопласираниот Ахен и четвртиот Фиртен.

„Ми беше цел , лична цел , некогаш да настапам како тренер во првата лига. А кога тоа ми успеа со едно место како Ахен , каде што страста по фудбалот е толку големо , тоа е дотолку поубаво“ – реагираше на убавата вест тренерот на Алеманија , Дитер Хекинг.