1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн подзастана

5 ноември 2007

Дали во германското фудбалско првенство битката за првото место сепак ќе биде возбудлива? Се случи она што се очекуваше: двојниот светски првак во Формула еден, Фернандо Алонзо замина од Мекларен Мерцедес.

https://p.dw.com/p/C17g
Во саботата Клозе немаше среќа. Замор или?Фотографија: AP

Откако се страхуваше дека Баерн од Минхен веќе по десеттото коло може да се прогласи за нов фудбалски првак, со оглед на големата бодовна предност што ја имаше тогаш, сега, по 12-ттото коло, залихата се намали на само два бода. По претходното реми без голови во Дортмунд против Борусија, во саботата и дома играше исто: против Франкфурт само 0 спрема 0. Претседателот на управниот одбор Карл Хајнц Румениге:

„Едноставно топката не сакаше во голот. Тоа не може да се смени, но само затоа и не мора да се биде незадоволен. Воопшто не сме нервозни„.

Во Баерн се уште се спокојни, се уште имаат два бода предност пред првиот конкурент, Хамбург кој ја намали разликата со победата против Херта од Берлин со 2 спрема 1. Тренерот Хуб Стевенс беше горд што неговата екипа по 1 спрема 1, повторно успеа да додаде гас:

„Мислам дека екипата во првото полувреме играше супер и мораше да постигне повеќе голови. Тоа не ни успеа, но кога гледам каков морал покажаа моите играчи, тогаш шапката долу за победата„.

Со тесната победа против Росток од 1 спрема 0, и третопласираниот Вердер се наближни кој врвот: сега има 4 бода помалку од Баерн. Менаџерот Клаус Алофс:

„Сами си ја отежнавме работата, но од друга страна не примивме гол, победивме и ги освоивме трите бода. Тоа е главното, иако победата немаше никаков сјај„.

Без превирања во средината

Тивко и мирно кон горниот дел од табелата се ближи Хановер. Тимот на тренерот Дитер Хекинг го совлада Дортмунд со 2 спрема 1:

„Мислам дека на заслужената победа нема што да и се забележи. Посебно со играта во второто полувреме кога Дортмунд не стигна до ниту една шанса за гол„.

Актуелниот германски првак Штутгарт конечно ја прекина сушата на гостувањата. Му се реваншира за поразот во финалето на Купот на Нирнберг, и со еден единствен гол стигна до три бода, правејќи нов чекор за излез од кризата во која се најде. Тренерот Армин Фе:

„За нас ова е многу важно. Тренерот на Нирнберг Ханс Маер денеска имаше роденден и мислам дека сакаше поинаку да го прослави. Неговата екипа има квалитет и мислам повторно ќе се искачи на табелата„.

Баер од Леверкузен со убедливите 4 спрема 0 против Билефелд ги разгали своите навивачи. Тренерот Михаел Скибе задоволен:

„Во целост сум задоволен од постигањето на мојата екипа. Понудивме атрактивен фудбал и ги искористивме шансите, што не беше случај во претходните натпревари„.

Криза во Шалке

Само седми, десет бода зад Баерн е Шалке. Вице-првакот во петокот загуби од последниот Котбус со 1 спрема 0. Ова беше првата победа на Котбус во првенството, со која воспостави каков таков контакт со оние пред него на местата што водат во понизок ранг.

Синоќа се одиграа и последните два натпревара од 12 коло. Огномет од голови во Бохум и 5 спрема 3 за домакинот против Волфсбург. Тренерот на Бохум Колер:

„Тоа беше фантастично постигнување во сите 90 минути. Одлично игравме во нападот, онака како што се договоривме. Го имавме и потребниот степен среќа„.

Новајлијата Карлсруе со 1 спрема 0 го совлада исто така новајлијата Дуисбург и се искачи на 4-тата позиција. Значи, по 12-сеттото коло и натаму води Баерн од Минхен со 28 бода, втор е Хамбург со 26, а трет Вердер со 24.

Алонзо замина од Мекларен

Двојниот светски првак во Формула 1, Фернандо Алонзо, вчера го напушти тимот на Мекларен Мерцедес, се наведува во неговото соопштение за медиумите. „Уште како дете сакав да возам за Мекларен, но понекогаш работите во животот едноставно не успеваат„, се вели во соопштението. Алонзо во текот на целата сезона беше во спор со управата на Мекларен, како и со клубскиот колега Луис Хамилтон. Тој сметаше дека заслужува посебен третман, а со шефот на Мекларен, Рон Денис подолго време и не разговараше. Засега не е познато за кој тим ќе вози Алонзо во наредната сезона. Се шпекулира дека ќе се врати во Рено или пак би возел за Вилијамс.

Триумф на Ретклиф

На традиционалната маратонска трка во Њујорк, со учество на повеќе од 35 илајди атлетичари, во машка конкуренција победи Кениецот, Мартин Лел, пред Абдерахим Гумри од Мароко и Хендрик Рамала од Јужна Африка.

На атлетската сцена триумфално се врати ветеранката Пола Ретклиф која победи кај жените, пред Гете Вами од Етиопија и Јелена Прокопчука од Летонија.