1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн пропушти победа над Реал

25 февруари 2004
https://p.dw.com/p/Aeo5
Синоќа се одиграа првите четири натпревари од европската лига на шампионите. И покрај извонредната игра, Баерн од Минхен, поради грешката на голманот Оливер Кан при крајот на натпреварот, одигра само нерешно 1 спрема 1, со фаворитот - мадридски Реал. Грешката на Кан му ја одзеде победата на подобриот во синоќешниот натпревар - Баерн од Минхен. Со голот од слободен удар на Роберто Карлос мадридски Реал среќно се извлече од пораз. Топката едноставно мина под телото на Кан. Претходно Баерн заслужено поведе со голот на Рој Макаи. Претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге со изјава:

"Оливер Кан сега е ужасно лут и тоа е јасно и нормално. Но, тој се постигна за нас и тој и во Мадрид ќе победи, во тоа сум убеден. Екипата направи се во што се надевавме". Стрелецот на голот Макаи:

"Убеден сум дека и во Мадрид ќе постигнеме гол. Реал дома не игра дефанзивно и тоа е нашата шанса". Инаку во другите синоќешни натпревари се постигнати следниов резултати:

Селта Виго - Арсенал 2 спрема 3, Спарта Прага - Милан 0 спрема 0 и Локомотива Москва - Монако 2 спема 1. Другите 4 натпревари се играат вечер.