1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани и Кушнер на средба во Париз

15 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CE6U

Грција и Франција имаат слични позиции по редица прашања и тесно соработуваат за нивно решавање, изјави грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани по средбата со нејзниот француски колега Бернар Кушнер. Бакојани и Кушнер разговарале за состојбите околу Иран и Либан, проблемот со Косово, како и за македонско - грчкиот спор околу името. Според најавата на министерството за надворешени работи, Париз не ги менува своите позиции во однос на името и натаму ја поддржува иницијативата на Метју Нимиц. Францускиот шеф на дипломатијата Кушнер смета дека грчката иницијатива за решавање на проблемот околу името е чекор напред и дополнителна причина да и се даде поддршка на грчката позиција. Бакојани во Париз беше официјален гостин на францускиот министер за замјоделство и риболов Мишел Барние на форумот „ Европа и нејзините граници“ каде имаше и обраќање.