1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани-„Македонија води двојна политика„

9 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C9lk

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани денеска во Атина во говор пред парламентарната комисија за надворешна политика ја обвини Македонија за водење двојна политика за името. Бакојани смета дека властите во Скопје од една страна размислуваат за членство во меѓународните организации под референциата ФИРОМ, а од друга директно го спорат таквото име. Бакојани смета дека Грција има шест месеци период во кој треба да изврши меѓународен притисок за изнаоѓање име за меѓународна употреба, односно пред да се одлучува за членство на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт.