1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани: Скопје нема волја за решавање на спорот

СН/АТ/макфакс31 јануари 2013

Кај македонската влада нема волја за постигнување решение на спорот за името со Грција, обвини од Бугарија поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.

https://p.dw.com/p/17V1H
Фотографија: DW/Dhima

На екс-министерката за надворешни работи на Грција во Перник, Бугарија од Перник и‘ беше доделена почесната титула Доктор Хонорис кауза на Политехничкиот универзитет.
Дора Бакојани во обраќањето по тој повод порачала дека Грција сака конструктивен дијалог со Македонија и надминување на спорот, но оти проблемот е кај владата во Скопје:
„ Проблемот е што во моментов нема пројавена политичка волја за тоа од актуелната влада на Поранешната Југословенска Република Македонија. Значи ќе почекаме да видиме дали изразената желба на земјата да стане членка на ЕУ и да ги прифати европските вредности, всушност е една од нејзините цели“, рече Бакојани, јави Бгнес.

„Сите земји од Југоисточна Европа на крајот треба да го најдат своето место во ЕУ и НАТО, но ниту еден клуб не подразбира безусловно членство. Почитувањето на човековите права, функционална пазарна економија, постојаната борба против национализмот, нетолеранцијата и територијалните претензии се дел од предизвиците пред интеграцијата во ЕУ, заедно со добрососедските односи, кои се меѓу најважните критериуми за прием во ЕУ и НАТО", рече Бакојани во Перник.

„За жал, една-две земји од регионот избраа да поставуваат предизвици пред своите соседи, поткопувајќи ги предусловите за својата евроатлантска интеграција, а таа претпоставка е токму продолжувањето на соработката.

Влезот во европското семејство во овие околности само ќе донесе несогласување, како и историски неадекватни модели на однесување во најважните западноевропски организации", рече Бакојани.