1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани со нова порака до Скопје

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BleE

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и порача на Македонија и‘ порача дека патот кон НАТО и ЕУ е заемното прифатливо решение за името. Бакојани вчера во грчкиот парламент изјави дека, “Скопје што побргу мора да ја напушти позицијата на ќорсокак, бидејќи во вакви услови нема да има напредок во евроатлантските аспирации“.Во интервју за грчкиот весник, Катимерини, пак специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, изјави дека влез на Македонија во НАТО е шанса за решавањето на спорот со Атина за името. Нимиц потврди дека активностите во врска со грчко македонскиот спор биле замрзнати до парламентарните избори во Грција, но дека сега повторно ќе се обноват обидите за решавање на спорот.