1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Баксуз“ - кекси

Штефен Вакс/ Жана Ацеска9 јануари 2014

За разлика од кинеските кекси во кои се наоѓа порака за среќа, пријателство, љубов или богатство, однеодамна постојат и мали, црни, со злоради и неочекувани пораки. Но, и тие треба да се примат со хумор.

https://p.dw.com/p/1Allk

Кинеските кекси за среќа сите ги знаат. Тие предвидуваат нешто добро.

А ова e малиот црн брат: пакосен кекс. Тој не предвидува ни љубов, ни милиони, туку:

„Времето на изобилие ти помина.“

Оние на кои кексите за среќа им досадија, посегаат сега по малите, црни, лоши, кои порачуваат на пример:

„Каква птица си ти? Не знаеш ни да леташ“.

„Баксузот ти е придружник, тоа не е убаво“!

„За жал, не си толку секси колку што мислиш“.

„О, судејќи според твојата карма, во минатиот живот не си правел ништо добро!“

Андреас Пол од Хамбург измисли околу илјада вакви пакосни пораки.

„Сите се такви што треба да ги примите со хумор, а не кога ќе ги прочитате да помислите- уф, ова е премногу, па морате по читањето да одите кај терапевт“.

Напротив, и овие пораки треба да ве насмеат:

„Наводно, и слепа кокошка понекогаш наоѓа зрно. Кај тебе не би бил толку оптимист“.

На идеја за овие баксуз-кекси Андреас дошол на вечера со пријателите:

„Тие донесоа кекси за среќа, а јас си помислив-Госпосди, колку досадно. Би било позабавно во нив да има нешто пакосно, нешто неочекувано“.

Баксуз-кексите се продаваат во продавници со смешни предмети.

„Од почеток бевме одушевени од идејата и се прашавме како ние не се сетивме на такво нешто. Навистина е супер и забавно“, истакнува продавачот Кристијан Гринберг.

„Тоа е пакосно, но ако пораките се прифатат со хумор, тогаш и овие кекси можат да донесат среќа“, вели една жена. Иако, не се сите одушевени, како на пример оваа жена:

„Не ми се допаѓаат, не се за мене“.

Главно младите ги прифаќаат новите кекси:

„Смешни се. Крајно, во нив не пишува што ќе се случи“.

Па, кој и би можел тоа да го знае?