1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканска конференција во Атина

16 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxGV

Денеска во Атина продолжува тркалезната маса на тема Балканот како извор на безбедност и стабилност во Европа. Целта на состанокот е размена на мислења за меѓуетничките односи и нивното влијание врз регионалниот мир и безбедност. Според македонската министерка за евро интеграции Гебриела Коневска Трајковска, Македонија е претставена како успешен пример за решавање на прашањата во мултиетничка демократија. На состанокот во Атина учествува и делегација на ДУИ, чиј лидер Али Ахмети се сретна со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. На средбата со Бакојани Ахмети нагласил дека Албанците во Македонијаа треба да бидат вклучени во порцесот за решавање на спорот со името, Бакојани од своја страна ветила подршка за влезот во НАТО и ЕУ.

На форумот во Атина учествуваат функционери од земјите на Балканот како и претставници на меѓународните организации.