1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Балкански губитници“

АТ/ Ди Пресе/ НЦЦ/ ЗЦ5 април 2013

Дијалогот меѓу Белград и Приштина и натаму е тема во весниците на германски јазик. Виенски „Ди Пресе“ донесува и демант на белградски „Данас“ за наводен предлог за ЕУ -администрација на северот н Косово.

https://p.dw.com/p/18APR
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Белград и Приштина наредните денови мора да се приберат за да постигнат договор“, пишува австрискиот весник „Ди Пресе“ и пренесува демант за наводниот план на Ештон, ЕУ да ја преземе администрацијата во северно Косово.

„Српскиот дневен весник ’Данас’ информираше, Ештон предложила компромис, администрацијата во северно Косово да ја преземе ЕУ. Во дипломатски кругови на Косово ова се демантира. ’За двете страни ние овозможуваме разговори. Ние не предлагаме за нив да го водиме северот на Косово’, рече портпаролката на Ештон, Маја Коцијанчиќ за ’Ди Пресе’“.

Во текстот под наслов „Два балкански губитници“ весникот „Ноје Цирхер Цајтунг“ по преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел пишува:

„Под водство на некогашните националисти, кон кои покрај премиерот Дачиќ припаѓа и претседателот Томислав Николиќ, во Србија се сменија повеќе работи. И двајцата, речиси уште не дојдени на власт се променија, на изненадување на многумина прагматичари, барем надворешно. Дачиќ во косовските преговори направи повеќе отстапки отколку претходната влада на претседателот Борис Тадиќ, која имаше етикета на демократска и проевропска. Сепак некогашните српски националисти политички можат повеќе да си дозволат кршење на табуата. Така Дачиќ неодамна делот во преамбулата на српскиот устав, во кој станува збор дека Косово е интегрален дел на Србија, го означи како привид. Ако ова го кажеше политичар од редовите на демократите, кои до пред неполна година беа на власт, веднаш ќе беше означен како државен непријател и предавник од неговите тогашни опоненти Дачиќ и Николиќ“, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“.

Дијалогот меѓу Србија и Косово за нормализаиција на односите, при кој повторно не беше постигната спогодба го коментира и весникот „Зидојче Цајтунг“.

„Притоа Косово е подготвено да толерира во голема мера автономен сојуз на десет општини населени од Срби. Меѓутоа Белград сакаше добие и сопствени судови, сопствена полиција и да издејствува повлекување на косовската и меѓународната војска. Овие барања потсетуваат на несреќните околности во Република Српска, кои до денес во Босна и Херцеговина спречуваат формирање на функционална држава. Косово значи со право го одби каталогот. Доколку Србија оваа пролет сака да ги започне пристапните преговори, тогаш мора да попушти до крајот на идната недела“, пишува „Зидојче Цајтунг“.