1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Банките стравуваат од грчки банкрот

23 јануари 2012

Владата во Атина се‘ уште преговара со претставниците на банкте околу условите за отписот на долговите. Доколку не се најде решение, се заканува банкрот на државата со несогледливи последици за цела Европа.

https://p.dw.com/p/13oFt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Меѓународното здружение на банките води напорни преговори во Атина околу отписот на долговите. Доверителите терба да се откажат од половината од своите побарувања. За возврат треба да добијат гаранции за сигурна исплата на втората половина, спорна е притоа каматата. Банките бараат до 4,6 проценти, политичарите се подготвени меѓутоа само до три. На кредитен рок од 30 години, разликата во сумата е впечатлива.

Предупредување од последици

Решение не е на повидок. Раководителот на преговарачкиот тим на банките Чарлс Далара си замина од Атина, разговорите на викендот беа водени телефонски, јавија агенциите. Претходно, шефот на Дојче банк и претседател на Меѓународното здружение на банкарите повторно го критикуваше кризниот менаџмент на политиката.

„Очекувањата беа да бидат платени сто проценти од државните обврзници. Принципот е нарушен и покрај сите претходно дадени ветувања“. Акерман притоа предупредува од последиците на можен отпис на долговите:

„За тоа ќе треба да платиме висока цена“.

Во случај да не дојде до единство, политиката има можност за еднострано откажување на долгот, но тогаш се активираат т.н. осигурувања во случај на неможност за исплаќање на кредитот за грчките државни обврзници. Од тоа се плашат членките на ЕУ, велат експертите.

„Преку тоа одредени хеџ-фондови, кои типуваа на банкрот, ќе забележат огромни добивки, што политиката сака во секој случај да го спречи“, објаснува Ханс-Петер Бургхоф, професор за банкарска економија на универзитетот Хохенхајм.

Заканувачки банкрот во март

Отписот на долговите е предуслов за исплатата на натамошна финансиска помош од Европскиот фонд за спас за Грција во висина од 130 милијарди евра. Но, се‘ додека не е јасно дали банките ќе се откажат од дел од своите побарувања, европските држави не сакаат да вршат исплати. Всушност, министрите за финансии на ЕУ се надеваа дека до денеска ќе дојде до решение, па тие на средбата во Брисел да можат да решат што натаму. Времето притиска: ако до средината на март Грција не добие дополнителни пари од ЕУ и од ММФ, земјата ќе стане платежно неспособна.

Експертите сметаат дека тоа веќе одамна де факто е случај.

„Грција е банкротирана“, вели професорот Бургхоф, „прашање е само кога конечно и политиката ќе дигне раце да го прикрива тој факт преку трансферни исплати“.

Слично е мислењето и на неговиот колега Клеменс Фуест од Институтот за финансии на универзитетот во Келн.

„Пресметките за програмата за помош на ЕУ претпоставуваат Грција во 2020-та година да има квота долгови од 120 проценти од брутодомашниот производ. Со оглед на тоа, сметам дека во секој случај треба да дојде до натамошен отпис на долговите“, вели Фуест.

Griechenland Finanzkrise Nationalbank in Athen Moody's Kreditwürdigkeit
Фотографија: dapd

Високи заработувачки за банките

Ханс Петер Бургхоф ја критикува преговарачката тактика на финансиските институти кон грчката влада:

„Банките сметаат дека Европејците, од страв поради големи турбуленции на пазарот на капитал, ќе платат уште пари. Притоа се превидува ризикот на инвеститорите, дека нешто сепак може да тргне наопаку“.

Каматата од 4,6 проценти на која инсистираат банките, според Бургхоф, е превисока.

„Во прашање се делумно големи добивки“, гласи предупредувањето на Бургхоф до политиката, да не се впушта во вакви игри.

Меѓународното здружение на банките во меѓувреме соопшти дека и натаму ќе се преговара се‘ до целта - „историски дил“ за доброволно откажување од побарувањата и стабилизирање на еврозоната.

Автор: Фредерике Шулц/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска