1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан бара ограничување на меѓународната трговија со оружје

АТ/ дв/ дпа4 јули 2012

Генерaлниот секретар на ОН бара ограничување на трговијата со оружје во светот. Во Њујорк се оддржува четиринеделна конференција со цел да се воведат јасни правила на пазарот со оружје.

https://p.dw.com/p/15QsF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика земјите членки на ОН да ја ограничат меѓународната трговија со оружје. „Атoмското оружје повеќе го привлекува вниманието на јавноста, меѓутоа конвенционалното оружје е тоа што секојдневно убива луѓе“, изјави Бан на отворањето на конференцијата на ОН во Њујорк.

„Изминатите години имаме постигнувања во врска со оружјето за масовно уништување, но кај конвенционалното оружје во светот нема напредок“, смета Бан.

Waffenhandel
Конвенционалното оружје секој ден убива луѓе, но наместо на него, вниманието е свртено кон атомското оружјеФотографија: picture-alliance/dpa

Бан говореше на отворањето на конференцијата на ОН за ограничување на трговијата со оружје. Наредните четири недели со владите на сите 193 земји, придружувани од организации како Црвениот крст, Амнести интернешнл и Оксфам, треба да се постигне договор за транспарентност и јасни правила на пазарот со оружје. Хуманитарните организации бараат т.н. златно правило: никој да не смее да извезува оружје ако постои опасност со него да се повредат човековите права или да се поттикнуваат кризи.

Можните испорачатели на оружје како САД, Русија и Кина, како и важните купувачим, како Индија, сакаат да спречат да бидат воведени премногу строги ограничувања. Повеќето западни земји, вклучително и САД, сепак се залаагат за јасни правила.