1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан: Владата на Египет да ги штити сите граѓани

11 октомври 2011

По крвавите пресметки меѓу христијаните и муслиманите во Каиро, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го опомена Египет да се раководи од историската промена на власта во февруари годинава.

https://p.dw.com/p/12puA
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки МунФотографија: picture alliance ZUMA Press

Бан Ки Мун ги повика властите на преодната влада да ги штитат човековите и граѓанските права на сите жители на Египет, без оглед на нивната вероисповед. Изминатиот викенд повеќе илјади копти демонстирараа во Каиро против палењето на црква од страна на муслимански екстремисти во регионот Асуан. Демонстрациите, кои започнаа мирно, ескалираа, при што загинаа најмалку 22 копти и четворица полицајци, додека повеќе од 320 луѓе се повредени.

Синоќа (10.10) во коптската катедрала во Каиро повеќе илјади луѓе им оддадоа последна почит на убиените коптски христијани. Според податоци од судската медицина, повеќето од жртвите биле прегазени од тенкови на египетската армија.

Автор: АТ/дв

Редактор: