1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун нов генерален секретар на ОН

15 декември 2006

Синоќа во Њујорк положи заклетва новиот генерален секретар на ОН Бан Ки Мун,а неговиот претходник,Кофи Анан,се прости од должноста.

https://p.dw.com/p/Aduu
Фотографија: AP

62 годишниот поранешен јужнокорејски министер за надворешни работи стигна во мултикултурниот свет на 192 обединети нации.

Во получасовниот говор тој направи преглед на најголемите кризни жаришта во светот.Блискиот исток го гледа како едне од најитните проблеми.Кризата во Судан,Иран,Ирак,Северна Кореја,реформата на ОН,сето тоа стои на неговата агенда.А тој потенцира дека стои пред уште една друга голема задача:

-Јас сум човек во мисија.А таа носи наслов:повторно здобивање на довербата во организацијата и меѓу земјите членки и секретаријатот.Се надевам дека ова не е невозможна мисија.

Во говорот идниот генерален секретар на ОН вети дека нема да се става во служба на ниедна поединечна земја.

Бан ќе го претстави својот тим на почетокот на следната година,кога официјално станува наследник на Кофи Анан,кој десет години стоеше на чело на Светската организација.

Претставниците на сите континенти му се заблагодарија на Анан за неуморната работа.Тој самиот од своја страна е благодарен за нивната поддршка:

-Заминувам со убедување дека ОН денес прават повеќе од порано и подобро.Но нашата работа уште долго или никогаш нема да биде завршена.