1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун – Судан

4 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BbCN

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика граѓаните на Судан да ја искористат шансата со доаѓањето на мировните сили на ОН и да придонесат за надминување на конфликтот во Дарфур. Меѓународната заедница веќе предолго само ја набљудува трагедијата во кризната покраина на југот од Судан, изјави Бан Ки Мун и порача:

“Имам три плана: прво, во склад со резолуцијата 1769 на Советот за безбедност ќе почнам што е можно побрзо со распоредувањето на мировните сили од 26.000 војници. Второ, ќе сторам се‘ за да дојде до примена на мировната спогодба, при што ги повикувам сите страни да престанат со насилството. И трето ќе разговарам за хуманитарната помош“ - нагласи Бан Ки Мун при првата посета на Судан од доаѓањето на функцијата Генерален секретар на Светската организација.