1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барања за трупи на ОН во Сомалија

30 јули 2011

Се’ подраматичната криза со глад во источна Африка, а особено во Сомалија, предизвикаува се’ поголема загриженост во Германија. Се’ погласни се барањата за ангажман на сили на ОН и за поголема помош од арапските земји.

https://p.dw.com/p/126hY
Сомалијци кои бегаат од гладот преку границатаФотографија: AP

Потпретседателот на германската секција на организацијата Помош за гладните во светот Клаус Тепфер побара воена интервенција на ОН за справување со кризата со глад во Сомалија.

Во текст за весникот „Велт“, поранешниот Директор на Програмата за заштита на животната средина на ОН истакнува дека племенските судири во Сомалија се одвиваат врз грбот на прегладнетите луѓе. Кон тоа треба да се приклучи и катастрофалното дејство на исламскиот фундаментализам на т.н Ал Шабаб милиција.

Меѓународната заедница не смее повеќе само да гледа што се случува во Сомалија, порача Тепфер прашувајќи: Каде останаа трупите за брза интервенција на ОН?

Германскиот министер за развојна помош, Дирк Нибел, пак, ги повика богатите арапски земји, да обезбедат помош за прегладнетите луѓе во Сомалија. Од овие држави досега не може да се чуе ништо, изјави Нибел за германската новинска агенција ДПА.

Во Сомалија и во други држави во источна Африка од глад се загрозени околу 12 милиони луѓе.

Автор: СН/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска