1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барање за вонредна парламентарна седница

Александар Чомовски 18 јули 2007

Опозицијата, но и дел од власта бараат вонредна седница на Собранието на Македонија за отчет на премиерот Никола Грувески.

https://p.dw.com/p/BJUL
Дали ќе има вонредна парламентарна седница?Фотографија: aptn

Парламентот не смее да биде генератор на етничка нетрпеливост, да биде место на делби, со овој мотив пратеникот и профеоср Ѓорѓи Оровчанец успеа да собере потписи од дваесетина пратеници за свикување итна и вонредна парламентарна седница „Потребна е седница за да се спречи мајоризација во било кој смер, дали на малцинстовот во однос на мнозинството или обратно на мнозинството према малцинстовото.“

Меѓу иницијаторите за итна парламентарна седница е и Мендух Тачи лидерот на владеачката ДПА. Тема би требало да бидат евроатланските приоритети. Но зад оваа иницијатива се крие обидот, премиерот Никола Груевски да обелодени што договорил со лидерот на ДУИ Али Ахмети и да информира за последните пораки од Брисел на евро комесарот Оли Рен и шеф дипломатот Хавиер Солана.

Собранскатата блокада околу деловникот го подигна и политичкиот адреналин „Со самиот чин што господинот Солана и господинот Рен вчера не настапија на прес конференција со гостинот Груевски е јасна порака дека немале што да кажат, дека прво треба да ги завршиме домашните задачи па после да бараме да ни се пружи шанса да добиеме датум за пореговорите.“ кажа Џавад Адеми од ДУИ, чија пратеничка група е повторно надвор од парламентот.

Дебаклот во Брисел е резултат на аматерската политика на премиерот Гуревски кој Македонија ја држи во заложништво со евтини пропагандни трикови наместо реформи. Потпреседателот на СДСМ Јани Макрадули на прес конферениција му забележа на премиерот и за неискреноста кон договорот и преземените обврски во разговорите ос челникот на ДУИ Али Ахмети.

Од владеачките партии се огласи Тито Петковски, лидер на НСДП за кого исто така е изводливо оддржување на итно парламентрно седница. „Секоја иницијатива која оди во насока да се разбереме повеќе, да се договориме, да направиме компромис околу државните приоритети, апсолутно прифаќаме. Мислам дека е потребно. Јас уште на седницата на која се гласаше за доверба реков дека можеби е добро сите политички партии и позицијата и опозицијата па и Собранието да предвидеме еден мораториум на сите меѓусебни несогласувања.“

Дали ќе се оддржи вонредна седница ќе зависи од претседателот на Парламентот. Љубиша Георгиевски денеска го откажа продолжението затоа што се направи поделба околу Деловникот. Во амбасадорските кругови во Скопје денеска почнаа интензивни консултации особено во релациите меѓу САД, ЕУ и Словенечките дипломати кои ја застапуваат Португалија како претседавач со Унијата.