1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барање за судење на водачите на опозицијата

10 август 2009

Чуварите на револуцијата во Иран побараа да почне процес против водачите на опозицијата, како организатори на протестите. Опозцијата, пак, подигна тешки обвинувања против властите, дека ги измачувале затворениците.

https://p.dw.com/p/J6kI
Фотографија: picture-alliance / dpa / DW-Montage

Поразениот претседателски кандидат, Мехди Каруби подигна тешки обвиненија против властите во Иран. Многумина критичари на режимот биле измачувани и силувани во затворите, објави Каруби на својата интернет страница, повикувајќи се на изјави на високи по ранг претставници на властите. Од ова биле погодени и мажи и жени. „Некои млади женски затворенички, биле до таа мера силувани, што претрпеле тешки повреди“, пишува Каруби. За „срамните“ инциденти, Каруби преку писмо веќе го информирал поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, кој како претседател на експертскиот совет има важна позиција во иранскиот апарат на моќ. Меѓу реформските политичари, Рафсанџани важи за битен противиграч на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, кој по изборите во јуни официјално е прогласен за нов претседател на земјата.

Смртните случаи меѓу затворениците биле предизвикани од вирусни заболувања?

Шефот на иранската полиција, генералот Исмаил Агмади Могадам, во меѓувреме ги отфрли обвинувањата дека затворениците биле измачувании до смрт. Смртните случаи меѓу затворениците биле предизвикани од вирусни заболувања, рече Могадам за новинската агенција Фарс.

Iran Oppositionelle vor Revolutionsgericht
Од судењето на учесниците на протеститеФотографија: FarsNews

Претходно, Чуварите на револуцијата го насочија вниманието кон Каруби и водачот на опозицијата, Мир Хусеин Мусави. Двајцата кандидати мора да бидат изведени пред суд и казнети, бидејќи се главните осомничени за протестите против реизборот на Ахмадинеџад, рече висок по ранг член на Чуварите на револуцијата за државната новинска агенција, Ирна.

Европската унија го критикува судскиот процес

Во протестите против исходот од претседателските избори на 12 јуни, уапсени беа повеќе од 100 лица, против кои во моментов се води процес. И покрај меѓународниот протест, судскиот процес продолжи. На обвинителната клупа, меѓу другите, се наоѓаат и една Французинка и двајца ирански соработници на европски амбасади во Техеран. Обвинетите,според главниот обвинител Абдулреса Мохабати, по налог на опозицијата и странски држави развиле план, за да ја урнат владата. Французинката Клотилд Рајс, заедно со другите стотина обвинетите беше изведена пред суд, во саботата. Нејзе и‘ се префрлува дека собирала информации и ги поттикнувала безредијата.

Clotilde Reiss Gerichtshof Iran
Клотилд Рајс во судотФотографија: AP

„Две недели по претседателските избори бев во Техеран“, им изјави 24 годишната Французинка на судиите, додавајќи: „На 15 и 17 јуни учествував во протестите во градот. Направив фотографии и снимав и материјалот го испратив на пријатели во Франција.“

Фотографиите направени со мобилни телефони беа единственото средство преку кое беа испраќани информации за ситуацијата во Иран. Европската унија го критикува судскиот процес. Обвинувањата за шпионажа против младата Французинка се апсурдни, смета ЕУ. Американската амбасадорка во ОН, Сузан Рајс исто така го критикуваше судскиот процес против демонстрантите критички насторени кон владата во Иран, нарекувајќи го фарса.

Автор: АТ/ЕМФ/ројтерс/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема