1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барање милијарди долари оштета поради напaдите од 11. септември

ЖА/дв/афп6 септември 2012

На засегнатите авиокомпании им се закануваат тужби во висина од повеќе милијарди долари од сопствениците на тогаш уништените згради на Светскиот трговски центар.

https://p.dw.com/p/164Cj
Фотографија: AP

Њујоршкото надлежно судство ги прифати тужбите против Американ Ерлајнс и Јунајтид, со чии авиони атентаторите се втурнаа во кулите-близначки. Фирмата за недвижности „Ворлд трејд центер пропертис“ ги обвинува двете авиокомпании за недоволни безбедносни контроли и бара оштета од околу 2,8 милијарди долари (2,2 милијарди евра). Според фирмата, на атентаторите им успеало да се качат во авионите и да ги урнат поради небрежност на авиокомпаниите.

Сопствениците на Светскиот трговски центар ја поднесоа тужбата уште во 2008. година, кога побараа 8,4 милијарди долари. Судијата Алвин Хелерштајн сега ја допушти тужбата, но ја редуцира сумата на 2,8 милијарди долари. Тоа одговара на цената околу која фирмата за недвижности „Ворлд трејд центер пропертис“ во 2001. година се договорила со Њујоршката пристанишна управа за изнајмување на локацијата на Светскиот тгровски центар на 99 години. Судијата ги отфрли приговорите на авиокомпаниите Американ Ерлајнс и Јунајтид на тужбата. Тие аргументираа дека сопственикот е веќе обештетен преку осигурувањето со околу 4 милијарди долари. Овие прашања мора допрва да бидат расчистени во друг процес, реши судијата.

На 11. септември 2001. година екстремистите на Ал Каеда киднапираа авиони и ги насочија кон кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон. Четврт авион се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа околу три илјади луѓе.