1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барем судството функционира

25 јануари 2007

Секс-аферата на Кацав Коментар на Клеменс Ференкоте

https://p.dw.com/p/Adtq
Бесен на новинарите: Моше Кацав
Бесен на новинарите: Моше КацавФотографија: AP

Израелскиот претседател Моше Кацав има намера својата фунција да ја стави во мирување. На оставка не помислува, иако политичарите од сите партии го бараат тоа. Причини има доволно: државниот обвинител најави дека ќе покрене тужба против претседателот поради обвинувањата оти силувал поранешна соработничка. Му се префрлува и за тоа дека се однесувал надвор од обичаите, како и дека ја злоупотребил функцијата да принуди една жена на секс. Претеседателот засега ги отфрли сите обвинувања и игра на време.

Граѓаните на Израел во овие денови се соочуваат со катастрофални настани што драстично го погодуваат угледот на нивната земја: истрагата за корупција против премиерот Ехуд Олмерт, предвременото повлекување на шефот на генералштабот, обвинувањата за поткуп на шефот на даночните власти и довербата во Олмерт. Веќе овие настани, што имаат различни причини, но со истото влијание, ја потресоа самодовербата на Израелците.

Меѓутоа, аферата околу претседателот на државата и неговото однесување во националниот негативен тренд ја бележи најниската точка: уште пред три месеци Моше Кацав можеше да ги поштеди себе си и својата земја и мораше да ја напушти функцијата. Тогаш, во октомври минатата година, полицијата, по исцрпувачка истрага, му советуваше на државниот обвинител да поднесе тужба против претседателот поради тешки обвинувања: силување, сексуално злоставување, спречување на судството.

Кацав тогаш одби, одбива и сега. Заштитата на сопственото добро сигурно не е пронајдок на израелскиот претседател. Меѓутоа, Кацав она што е познато како државен резон, очигледно го става зад сопствените лични интереси.

За да може да ужива во правниот имуниет уште неколку месеци до крајот на неговиот мандат на лето и да не ги намали сопствените шанси како обвинет во процес, Кацав ги принудува пратениците во парламентот да започнат постапка за одземање на неговиот мандат. Тој одамна пропушти да го поштеди Израел од таков страшен крај.

Сепак, останува некаква утеха за Израел поплавен од афери: судството функционира и настапува против секој во оној момент кога ќе завршат потребните истраги - против премиер, министер, висок чиновник или дури и против претседателот на државата. Сигналот што укажува на неславен политички крај на Моше Кацав затоа гласи: во оваа земја на суд не се испраќаат само таканаречените мали. Правдата не запира ниту пред носителите на државни функции, околност што јасно и позитивно го разликува Израел од неговите непосредни соседи.

Клеменс Ференкоте