1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барнс: Македонија и Албанија треба да ја заслужат поддршката за НАТО

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgK0

САД би сакале да им пружат иста поддршка на Албанија и Македонија за влез во НАТО, каква што и пружаат на Хрватска, но Албанија и Македонија треба да ја заслужат – изјави во Брисел потсекретарот на американскиот Стејт Департмент, Николас Барнс. Барнс не прецизираше што треба Скопје и Тирана да направат за да добијат силна поддршка на САД за членство во НАТО. Македонскиот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, ваквата изјава на Барнс ја толкува како порака да се продолжи со реформите и политичкиот дијалог и времето да се искористи најрационално за Македонија да се наметне како подготвен иден член на алијансата.