1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо – ЕУ – Берлинска декларација

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMY

Шефот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска изрази надеж дека дебатата за иднината на ЕУ ќе влезе во нова, поделотворна фаза со усвојувањето на Берлинската декларација идниот викенд. Повод е 50-годишнината од потпишувањето на Римската спогодба, што се смета за камен темелник на ЕУ. Барозо очекува Декларацијата од Берлин да внесе нова динамика во однос на институтционалните реформи. Што се однесува до европскиот устав, шефот на Европската комисија бара да се запази договорот, според кој овој темелен јазол треба да се разреши во текот на идната година, зашто во 2009-та Европа ја очекуваат избори за Европскиот парламент.