1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баросо со Самарас за кризата

АТ/ афп/ дпа/ дапд26 јули 2012

Среде дискусијата дали Грција да остане во еврозоната, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска треба да ја посети Атина, каде треба да се сретне со премиерот Самарас.

https://p.dw.com/p/15ejp
Фотографија: AP

Минаа повеќе од три години, по последната посета на претседателот на Европската комисија Баросо на Грција. Денеска во Атина тој треба да се сретне со грчкиот премиер Андонис Самарас. Се работи за рутинска посета, се вели од Брисел. Целта на Баросо е во Атина лично со премиерот да разговара за економската ситуација во Европа и во Грција.

Самарас изминатите денови жестоко се спротивстави против изјавите на некои европски политичари, според кои би можело да се издржи истапување на Грција од еврозоната. Оваа критика посебно се однесуваше на германскиот министер за економија Филип Реслер, кој изјави дека истапувањето на Грција од евроозната не е повеќе сценарио од кое се добива уплав.

Griechenland Tempel ohne Kopf
Во Атина е и меѓународната ТројкаФотографија: picture-alliance/dpa

Во Атина во моментов престојуваат и експерти од т.н. Тројка - Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската унија, кои денеска треба да се сретнат со грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Тројката во вторникот започна со нова проверка на напорите за штедење на Грција. По застојот на реформите од минатите месеци се’ уште не се знае дали земјата ќе ги исполни условите за добивање натамошна помош. Извештајот на експертите се очекува најдоцна во септември.

Шефот на германсакта група „економски мудреци“, Волфганг Франц, во меѓувреме предупреди од натамошни шпекулации за тоа дали Грција ќе остане во еврозоната. Тој предупреди и од тоа дека во екстремен случај, по едно евентуално истапување на Грција, „би можела да се распадне целата монетарна унија“. Германскиот министер Реслер, пак, ја брани својата позиција: „За иднината на Грција одлучува самата Грција. Нашиот принцип останува: нема услуга без против услуга“.