1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бартоли се збогува од тенисот

АТ/ макфакс15 август 2013

Откако го освои престижниот тениски турнир во Лондон, француската тенисерка Марион Бартоли неочекувано објави дека се повлекува од активниот тенис.

https://p.dw.com/p/19QGe
Фотографија: Getty Images

Актуелната шампионка на најпрестижниот тениски турнир на светот, Вимблдон, Марион Бартоли, објави дека заминува во пензија.

Француската тенисерка одлуката на новинарите им ја соопшти по поразот од Симона Халеп на турнирот во Синсинати.

Константните проблеми со повредите се единствената причина поради која Бартоли реши да прекине со активната кариера.

„Не е лесно да се каже ова, никогаш не сакате да се случи тоа. Ова беше последниот меч во мојата кариера. Време е да се повлечам. Целото тело ме болеше по 45 минути игра. Поради тоа знам дека е време да ставам крај на кариерата“, рекла Бартоли.

Бартоли се повлекува од тенисот откако победи на Вимблдон. Во финалето на престижниот турнир таа и‘ препушти само пет гемови на Германката Сабине Лисицки. „Сите сега ќе се сеќаваат на Вимблдон, никој нема да го памети мојот последен меч. Мислам дека во Лондон ги потрошив силите“, вели Бартоли.

Французинката во кариерата освои седум титули во сингл и три во дубл, а во пензија заминува од седмото место на ВТА листата, што е нејзин најдобар пласман во кариерата.