Бајден во Белград: сочуство и танц на Скадарлија

Now live
01:19 минути
17.08.2016

Бајден во Србија: сочуство и танц на Скадарлија

Американскиот потпретседател Џо Бајден во Белград изрази сочуство за жртвите од бомбардирањето на НАТО. Бајден прошета низ градот во кој во исто време приврзениците на Воислав Шешељ му изразија поддршка на Доналд Трамп.

Американскиот потпретседател Бајден на прес-конференцијата со српскиот премиер Александар Вучиќ изрази сочуство за жртвите во НАТО кампањата врз Србија во 1999 година. Бајден е во мини-балканска турнеја во рамките на која денеска ќе го посети и Косово.
Во Белград, Бајден стигна и да прошета низ градот и да одигра еден танц во популарната Скадарлија.
Во исто време, во градот протести одржуваа приврзаниците на радикалот Воислав Шешељ кои притоа му изразија поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Следете нѐ