1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Бајден нареди воздушен напад во Сирија

СН/агенции
26 февруари 2021

Ова е прва воена акција на новата американска администрација под раководство на Џо Бајден. Воздухопловните сили нападнаа цели во источна Сирија на границата со Ирак, во прв ред објекти на проирански милиции.

https://p.dw.com/p/3pwt8
Joe Biden
Фотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance / ASSOCIATED PRESS

Американската воена авијација, по наредба на претседателот Џо Бајден, изврши воздушни напади во источна Сирија на објекти за кои Пентагон вели дека и' припаѓаат на проиранската милиција.

Воздушниот напад претставува одговор на ракетниот напад на американските цели во Ирак и беше во ограчичени размери, најверојатно за да не дојде до ескалација, пренесува агенцијата Ројтерс.

„По наредба на претседателот Бајден, американската војска вечерва изведе воздушни напади на инфраструктура која ја користат милитантни групи со поддршка на Иран во источна Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Повеќе:

-Џо Бајден е вистинскиот човек само во моментов

-Трамп е горд што не започнал војна и бара молитва за новата влада

-Нов почеток на трансатлантските односи со Бајден?

Тој наведе дека Бајден ќе делува со цел да ги заштити американските и коалициските војници. „Во исто време делувавме на одреден начин со цел да не дојде до деескалација на целата ситуација на истокот на Сирија и во Ирак“, додаде Кирби.

Тој рече оти во нападите се уништени многу објекти на граничниот контролен пункт кои ги користат проиранските групи како што се Катаиб Хезболах и Катаиб Сајид ел Шухада.

Најмалку 17 проирански борци се убиени во американските напади, соопшти денеска Опсерваторијата за човекови права. „Во нападите се уништени три камиони со муниција (...) Има многу загинати“, изјави директорот на Опсерваторијата за човекови права, Рами Абдел Рахман. Тој наведе дека според првите податоци загинале најмалку 17 припадници на коалицијата на проиранските ирачки паравоени формации.