1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Бајерн - уништувач на сите соништа

Јерг Штрошајн
17 јуни 2020

Бајерн Минхен ја круниса и оваа сезона на Бундеслигата со титулата фудбалски првак. На крајот се’ е вообичаено и минхенци се на врвот, но на патот дотаму овојпат се случија многу нешта, кои за Бајерн не се нормални.

https://p.dw.com/p/3duBH
1. Bundesliga | FC Bayern Meisterschaft | Jubel
Фотографија: picture-alliance/GES/POOL/M. Ibo Güngür

Ова беше посебна сезона за Бајерн Минхен, во која конкуренцијата извесен период смееше да се надева. „Кога Бајерн е заслабнат, шансата треба да се искористи“, е крилатица на останатите топ-тимови во Бундеслигата. На крајот од оваа желба уште еднаш останаа само празни зборови. Со победата над Вердер Бремен, рекордерот сега ја освои и осмата титула по ред.

Притоа, извесен период изгледаше како да е дојден моментот кога РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд или можеби дури и Борусија Менхенгладбах би можеле да ја прекинат успешната серија на минхенци. Сите три клуба беа кусо време на врвот. Бајерн за тоа време се занимаваше пред се’ со својот тренер Нико Ковач и неговиот начин на работа, притоа заборавајќки всушност на својата надмоќ на теренот.

Почесниот претседател Хенес е воодушевен

Дури откако работите ги презеде прво привремениот, а потоа и назначениот тренер Ханзи Флик, рекордерот во титули успеа да направи пресврт кој е восхитувачки. Во режија на 55-годишниот Флик тимот успеа во 22 натпревари да постигне 19 победи, еден нерешен резултат и само два пораза. На последните 11 натпревари Бајерн постојано победуваше.

Феноменот Миа сан миа- приказна за успехот на Бајерн Минхен

Ханзи Флик и ФЦ Бајерн си одговараат. Почесниот претседател Ули Хенес по назначувањето на Флик (кој има договор до 2023 година) одушевено рече: „Сите можеме да бидеме среќни што имаме човек кој за толку кратко време успеа да ги разубеди сите кои се сомневаа и да покаже толку суверена работа.“

Флик успеа да го врати Томас Милер во стара форма. Флик создаде хиерархија во тимот со која сите играчи веднаш се „спријателија“. Флик од својот тим создаде вистинска машина за голови пред се’ со мешавина од пресинг и поседување на топката. Под неговата раководна палка Бајерн пред натпреаврот со Вердер Бремен постигнуваше просечно по 3,19 голови по натпревар. Во времето на Ковач просечно се постигнуваа по пристојни 2,5 голови. Ваквиот развој доведе до трка на табелата која мораше да заврши со нов национален триумф.

Се’ е како секогаш

Феноменот Бајерн Минхен

Пред оваа сезона минхенци во својот тим инвестираа околу 143 милиони евра. За наредната, со оглед на тоа што се планира да се обврзат Лирој Сане (Манчестер Сити) и можеби и Кај Хаверц (Бајер Леверкузен), таа финансиска рамка, наспроти корона-кризата, ќе биде веројатно зголемена.

Колкава е разликата со конкуренцијата се гледа не само на теренот. Додека Бајерн има пазарна вредност од околу 756 милиони евра, вториот тим во Германија, Борусија Дортмунд, има вредност од околу 586 милиони евра. Поради ова, меѓу другото, ФЦ Бајерн веќе неколку години игра во своја сопствена лига. И, само тој самиот може да се исфрли од концепт. Оваа сезона кратко време изгледаше дека ќе се случи токму тоа. На крајот, меѓутоа, се’ е како и секогаш - ФЦ Бајерн е (повторно) германски првак.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема