1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалци кои го променија светот

Ж.А. /ДВ
1 февруари 2017

Доналд Трамп забрани влез за бегалците во САД, но многу поранешни бегалци, кои морале да ја напуштат својата земја, станаа светски познати музичари, актери, политичари или научници во новата татковина.

https://p.dw.com/p/2Wmgm
Albert Einstein deutscher Physiker 1935
Фотографија: Imago/United Archives International

Доналд Трамп, новиот претседател на САД, донесе декрет со кој го ограничи влезот за бегалците во земјата и воведе рестрикции за доаѓање на државјаните на седум муслимански држави. Притоа, многу поранешни бегалци, кои морале да ја напуштат својата земја, станаа светски познати музичари, актери, политичари или научници новата татковина. Да споменеме само некои од  бегалците кои го променија светот: Алберт Ајнштајн, творецот на Теоријата за релативноста и добитник на Нобелова награда; Хенри Кисинџер, авторитет во областа на меѓународните односи и 56-от државен секретар на САД; Марлен Дитрих, светски позната пејачка и глумица - сите тројца по потекло од Германија. Во подолгата листа се наоѓаат и други познати имиња, дел од нив погледнете во следната фотогалерија.