1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Дали Женевската конвенција за бегалци е актуелна и денес?

Мартина Швиковски
28 јули 2021

Пред точно 70 години усвоена е Женевската конвенција за бегалци. Меѓутоа, денес недостасува политичка волја за осигурување на правата на бегалците согласно конвенцијата, велат експертите.

https://p.dw.com/p/3yBJX
TABLEAU | Weltflüchtlingstag 20.6.2021 Bildergalerie
Фотографија: Jack Taylor/Getty Images

Да ги брани човековите права - тоа е страста на Хамадо Дипама кој е посветен секој ден откако побегнал од политичко мотивираното насилство во својата земја Буркина Фасо. Пред 20 години, тогаш како млад студент, тој, заедно со многу други, се спротивставил на диктатурата на Блејз Компаоре, кој со тврда рака владееше во државата 27 години. Властодржецот е соборен со народното востание во 2014 година, а Дипама преходно нашол свој нов „втор“ дом во главниот град на Баварија, Минхен. И тоа случајно.

„Зошто немам заштита?“

„Додека бев во бегство не бев свесен дека постои Женевската конвенција за бегалци“, вели Дипама за ДВ. „Тоа на 'глобалниот југ', каде луѓето имаат малку податоци, не е тема“. Кога пристигнал во Европа, морал да се соочи со прашањето: „Зошто некои луѓе добиваат заштита, а јас не? Иако, самиот успеав да објаснам каква е мојата ситуација во земја како што е Буркина Фасо.“

Deutschland, München | Hamado Dipama auf einer Demonstration gegen Rassismus
Хамадо ДипамаФотографија: Sachelle Babbar/ZUMA/picture alliance

Женевската конвенција за бегалци е неопходна основа за меѓународна заштита на бегалците. Таа дефинира кој е бегалец и кои права и обврски ги имаат тие. Правото на тој статус го имаат луѓето кои имаат „оправдан страв од прогон врз основа на раса, вера, националност, припадност на одредена општествена група или кои ја напуштиле својата земја поради политички убедувања“.

Повеќе:

Рекорден број на раселени лица и покрај пандемијата

-Балканот и бегалските приказни

-ЕУ-Турција: Пет години договор за бегалците

По Втората светска војна, соочувајќи се со сѐ поголеми политички тензии меѓу Исток и Запад, Обединетите нации усвоија Конвенција во 1951 година во Женева. Таа, меѓутоа, на почетокот била ограничена главно на заштита на европските бегалци непосредно по Втората светска војна. За да се одговори на новите предизвици и да се прилагоди на променетата ситуација во светот, Конвенцијата со протоколот од 1967 година е проширена, а 149 држави ги потпишаа еден или двата договори.

Конвенцијата и натаму е важна

Конвенцијата и денес игра важна улога. Таа е единствениот документ кој ги обврзува државите да им пружат заштита на бегалците, вели Сузан Фраке, аналитичарка од бриселскиот Институт за миграција. Денеска луѓето се присилени да ги напуштат своите домови поради причини кои не биле актуелни во времето на „Ладната војна“: пропаѓаат влади, сопернички групи се борат за власт, економијата во нивните матични земји пропаѓа и тие не можат да ги прехранат семејствата. „Ништо од ова не е вклучено во Женевската конвенција за бегалците. Но, тоа не значи дека таа е неупотреблива. Мораме и натаму да размислуваме за тоа и да бидеме креативни како да ги удоволиме потребите на луѓето“, вели Фраке за ДВ.

Уште пред 30 години во Комесаријатот за бегалци на ОН (УНХЦР) беа свесни дека со доаѓањето на „економските мигранти“ расте новиот бран на миграции. „Тоа не се луѓе кои бегаат од прогон, туку оние кои се во потрага по подобар живот“, изјави Даглас Стафорт за ДВ во 1991 година, тогашен заменик на високот комесар на ОН за бегалци. „Во иднина мораме да бидеме многу претпазливи по прашањето за пристап на проблемите на економските мигранти“, рече тој. Но, ни денес, 30 години подоцна, бегството поради економски причини не овозможува признавање на бегалски статус.

Премалку политичка волја

Женевската конвенција за бегалци заостана зад својот потенцијал. Недостасува меѓународна соработка, бидејќи постојат задолжнителни прописи, нагласува Асхенафи. „Во тој поглед би морало да постои некој вид задолжителна норма, а тоа може да се постигне со реформа на Конвецијата за бегалци на ОН“, оценува Асхенафи за ДВ. Според неговите зборови, недостатокот на Конвенцијата е во тоа што таа не предвидува механизам за жалби на бегалците против земјите кои би требало да ги прифатат.

Сузане Фраке вели дека Женевската конвенција пропишува дека бегалецот не смее да биде вратен во земјата од која е прогонет, како и оти бегалците можат слободно да се движат во земјата која ги прифатила, да одат на работа или на училиште. „Конвенцијата не е извршен орган, таа нема извршна моќ. Секоја земја која ја потпишала мора својата обврска на спроведување на Конвенцијата да ја внесе во својот закон за азил. Проблемот е во тоа што многу држави тоа не сакаат или не се во можност да го сторат, а последица е тоа што на бегалците им е тешко да добијат заштита, иако Конвенцијата им дава право на тоа“. 

Хамадо Дипама исто така го критикува фактот дека во праксата значително се отстапува од Конвенцијата на ООН. Тој особено ја посочува, како што вели, „проблематичната“ практика на депортација, односно присилното враќање на бегалците - на пример, кога луѓето кои се добро интегрирани во Германија, ќе бидат депортирани во нивните нестабилни татковини, вели Дипама.

Кои се неговите желби за иднината? „Не треба да се поставуваат многу барања. Државите треба да го почитуваат само она што го потпишале и да ја изменат Конвенцијата, за бегалците од проблематичните земји на денешницата ќе добијат поголема заштита“, заклучува Дипама.