1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безбедносни „дупки“ во конзулатот на САД во Бенгази

ЖА/дв/дпа/ртре/афп20 декември 2012

По изразито критичкиот извештај на истрагата за смртоносниот напад врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, во Вашингтон се повлечени првите консеквенци.

https://p.dw.com/p/1760f
Фотографија: Reuters

Телевизиите Си-Ен-Ен и Си-Би-Ес јавуваат за оставки на тројца високи по ранг дипломати задолжени за безбедноста на амбасадите во Министерството за надворешни работи. Освен тоа, функцијата ја напушта и шефот на службата за безбедност во американскиот Стејт департмент. Независната истражна комисија во извештајот наведува дека имало системски грешки на одговорните за безбедноста на дипломатската мисија во Бенгази. Американските дипломати морале да се потпрат на вооружените, но „недоволно обучени“ локални милиции.

Освен тоа, Стејт департментот ги игнорирал барањата на американската амбасада во Триполи за обезбедување поголема заштита - вака весникот „Њујорк тајмс“ цитира извадоци од извештајот на истрагата за случајот.

Во нападот на 11. септември (фото горе) беа убиени четворица американски дипломати, меѓу кои и американскиот амбасадор Крис Стивенс. Нападот дополнително беше оценет за терористички. Првично се тврдеше дека е резултат на спонтаните протести против видеото, произведено во САД, во кое се омаловажува пророкот Мохамед. За настаните во Бенгази и улогата на Министерството за надворешни работи денеска (20.12) изјава требаше да даде и министерката Хилари Клинтон, но таа по падот при кој доби потрес на мозокот, се наоѓа на боледување. Кон средината на јануари таа ја напушта функцијата. Таа инаку, даде налог за спроведување истрага за нападот во Бенгази.