1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија во Тунис по објавувањето на изборните резултати

28 октомври 2011

Исламистичката Енахда партија и официјално е прогласена за победник на првите слободни избори во Тунис. Таа добила 90 од вкупно 217 пратенички места. Опозицијата организираше протести.

https://p.dw.com/p/130Z5
Фотографија: DW

На второто место по бројот освоени гласови е лево-центристичката група „Конгрес на републиката“ со 30 места, а на третото Социјалдемократската партија Етакатол со 21.

По официјалното објавување на резултатите, синоќа избија нереди во градот Сиди Бузиду за време на протестите на приврзаниците на опозициската партија, чии гласови се поништени поради наводни нерегуларности. Над 2.000 лица, главно млади, дојдоа пред седиштето на партијата Енахда и почнаа да фрлаат камења по полицијата, која одговори со солзавец.

Една група ги искршила прозорците на седиштето на Енахда и палела гуми на главниот пат во Сиди Бузиду, каде лани беа организирани првите демонстрации против поранешниот претседател Зина ел Абдин Бе Али. Демонстрантите ја запалиле и канцеларијата на градоначалникот на тој град.

Протести се организирани и во Регуеб, град на околу 50 километри од Сиди Бузида. Таму, според очевидци, демонстрантите пукале врз канцеларијата на Енахда.

Автор: ГЧ/ миа

Редактор: А.Трајковска