1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија пред косовскиот парламент

ЕМФ/бета/макфакс27 јуни 2013

Косовската полиција денеска (27.06) уапси повеќе од 15 активисти од движењето Самоопределување и употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата на парламентот.

https://p.dw.com/p/18xLe
Фотографија: AP

На седницата на косовскиот парламент треба да биде усвоен договорот за нормализација на односите на Белград и Приштина. Активистите на Самоопределување дојдоа пред парламентарната зграда со намера да влезат и да ја прекинат седницата. Демонстрантите фрлаа боја врз полицајците, кои возвратија со солзавец. Според неофицијални информации, има и повредени. Активистите успеаја на две места да се пробијат до зградата на парламентот, но полицијата ги спречи да влезат внатре.

Kosovo Albin Kurti Opposition
Албин КуртиФотографија: picture-alliance/dpa

Косовскиот премиер Хашим Тачи на вчерашната седница на косовската влада изрази уверување дека пратениците ќе го усвојат Законот за ратификација на Спогодбата за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија. Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, на конференција за новинари пред два дена изјави дека Тачи заедно со Демократската партија на Косово, инсистира по секоја цена да ја ратификува Спогодбата со цел да ја подели одговорноста со останатите партии.