1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безуспешна рунда преговори со Иран

1 декември 2007

*

https://p.dw.com/p/CVRS

Без компромис во спорот околу нуклеарната атомска програма заврши последната рунда преговори во Лондон меѓу европскиот дипломат Хавиер Солана и новиот ирански преговарач Саид Џалили. Солана изјави дека очекувал повеќе од петчасовниот состанок. Наспроти него за Џалили средбата била добра. По осумнаесетмесечни безуспешни преговори се очекува заострување на санкциите за Иран, кои одбиваат да ја прекинат својата нуклеарна програма како што од нив бара Меѓународната заедница.