1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без моќ за донесување важни одлуки

6 август 2008

Планираната средба меѓу израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас не нуди многу надеж. Фронтовите на Блискиот исток се заострени

https://p.dw.com/p/ErEY
Олмерт и Абас при последната средбаФотографија: AP

Блискоисточни апсурди! Сликите од минативе денови претставувааа испревртена реалност. Израелските војници со автобуси ги пренесуваа палестинските бегалци од Газа во Западен Јордан. Тоа не беше тестирање на од страна на САД и Блискоисточниот мировен квартет бараното поврзување меѓу оддалечените палестински подрачја. Тоа беше акција на спасување на членовите на Фатах, движењето на палестинскиот претседател Абас, кои бегаа од Хамас кон Израел, од каде беа пренесени во Западен Јордан. Функционерот на Фатах Хашеш се заблагодари преку израелското радио:

„Во оваа прилика соработуваме со израелската страна. Сакам да му се заблагодарам на Израел за помошта при транспортот на овие луѓе, за згрижувањето на повредените.“

Фронтовите се заострени

Толкава благодарност би била добра основа за планираната средба меѓу палестинскиот претседател Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Но, случајот е сосема обратен. Двајцата политичари немаат повеќе сила за значајни разговори, одлуки и договори.

Претседателот Абас е под притисок од две страни. Конкурентскиот Хамас уште еднаш му покажа колку е беспомошен со нападот врз неговите приврзеници во Газа, кои мораа да побегнат во Западен Јордан. Но и таму Абас има само ограничена контрола. Израел има поставено блокади на патиштата, ги проширува еврејските населби и спроведува нов бран рации. Израелската влада мерѓутоа ја отфрлува критиката за градењето нови населби на палестинска територија. Во областа на поранешната база Маскиот на пример ќе се гради целосно нова населба. Тоа го критикуваше дури и сојузникот на Израел, САД. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс изјави дека ова е во спротивност со меѓународниот договор, но тоа ништо не измени. Олмерт пред една недела најави повлекување, тој е под обвинение за корупција. Но неговиот наследник тешко дека ќе успее да направи нешто со новите еврејски населби, тоа ќе чини многу пари и можеби малку, но решавачки гласови.

Значи, изгледите се мрачни.Но израелскиот премиер Олмерт и палестинскиот претседател Абас при нивната средба се разбира ќе се обидат да одбегнат ваков впечаток.