1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без помош на соседите,нема мир во Авганистан

24 мај 2007

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмнаер ги повика Авганистан и Пакистан повторно да се приближат по најновите затегнатости меѓу нив.

https://p.dw.com/p/AnyL
Штајнмаер и пакистанскиот премиер Азиз
Штајнмаер и пакистанскиот премиер АзизФотографија: AP

На последната станица на посетата на германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер на Авганистан и Пакистан владееја силни безбедносни мерки.Вчера попладнето тој беше во информативна постеа на Пешавар,немираната пакистанска провинција.Регионот на границата кон Авганистан важи за упориште на радикалните исламисти и симпатизери на Талибанците.Штајнмаер таму посети бегалски логор и разговараше со гувернерот.Главните теми на неговата посета беа насилството во Авганистан,зајакнувањето на Талибанците и прекуграничниот екстремизам.За тоа разговараше и со премиерот Шаукат Азиз и својот пакистански колега по функција Куршид Касури.

Пораката на Штајнмаер во Исламабад:без залагање на соседните држави,нема да има успех во смирувањето на ситуацијата во Авганистан.Нужен е ефикасен,функционирачки граничен режим.Германскиот министер повика на подобрување на односите меѓу Пакистан и Авганистан.Двете земји на покана на Германија ќе дојдат на средбата на шефовите на дипломатите на земјите од Г 8 идната недела во Потсдам.Целта е подобрување на дијалогот и довербата меѓу двете јужноазиски земји.

Меѓу Авганистан и Пакистан со месеци владее затегнатост. Нивните влади меѓусебно се обвинуваат дека прават премалку против Талибанците во областите на заедничката граница.Во последно време дојде и до крвваи пресметки меѓу граничните трупи на двете држави.Набљудувачите ги оценуваат односите како никогаш полоши во историјата на двата соседи.

На прес конференцијата во пакистанскиот главен град важна тема беа и засилените борби меѓу ИСАФ трупите предводени од НАТО и антиотерористичката коалиција предводена од американските трупи од една страна и Талибанците.Франк Валтер Штајнмаер го отфрли впечатокот дека странските трупи во Авганистан се окупатори.Јас во Авганистан не гледам никакви окупатори,изјави министерот.Меѓународните трупи сакаат единствено да ја поддржат обновата на земјата и да спречат враќање на талибанскиот режим.Штајнмаер рече дека тие ќе останат во Авганистан се додека е тоа неопходно за обновата на земјата.Неговата планирана средба со претседателот на државата Первез Мушараф беше откажана во последен момент.Радикалните исламисти на најголемата школа за Куранот во близината на владиниот кварт водеа престрелки со безбедносните сили.А Мушараф се наоѓа во најтешката внатрешнополитичка криза во неговиот мандат.Поради суспензијата на уставниот судија на почетокот на март дојде до делумно наислни масовни протести против Мушараф.

Штајнмаер од шефот на пакистанската дипломатија доби уверување дека земјата ќе го продолжи патот на демократија и мир и дека на крајот на годинава ќе бидат одржани фер и слободни парламентарни избори.