1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без струја повеќе села во Македонија

Горан Петрески26 март 2008

Повеќе села во скопско, тетовско и гостиварско го дочекаа утрото без напојување со електрична енергија. Акцијата на ЕВН за наплата на неподмирените долгови продолжува.

https://p.dw.com/p/DUwW
Многу села останаа без струјаФотографија: AP

Повеќе села во Македонија ноќта ја минаа без струја. ЕВН дистрибуција им ја исклучи електричната енергија оти жителите со години трошеле струја, а не ги плаќале сметките. Главно станува збор за села во гостиварско - тетовскиот регион. Меѓу исклучените села е и скопско Арачиново. Жителите не кријат дека не плаќале, но се жалат дека се невработени и безпари.

Инкасаторите биле неполжени, а контролорите на енергетската компанија ниту со асистенција на полицијата не успевале да влезат во ова населено место за да ја наплатат или исклучат струјата. Поради заканите синоќа струјата беше запрена директно од околните трафостаници од кои се напојуваат селата, така што освен оние кои седум години не плаќале струја во мрак останаа и оние што одвреме навреме ги плаќале сметките.

Државата ги толерираше неплаќачите со години, но од март 2006 дистрибуцијата на стриуја во Македонија ја врши австриски ЕВН која го купи ЕСМ. Австријците како приватна компанија чиј главен интерес е остварување профит решија да се пресметаат со тие што не плаќаат.

Ноќешнотот исклучување е предупредувачко. Ако селаните не реагираат веднаш следи уште една ноќ без струја,а рестрикциите ќе стануваат се подолги. Апел да се платат сметките упатија локалната и централната власт.