1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белгијците незаинтересирани за берза

Кетрин Мартенс/ Зоран Јордановски18 септември 2012

Во Брисел, каде во времето на длабока криза на еврото се надоврзуваат самити за спас на еврото, живеат најбогатите Европејци. Во што тие ги вложуваат парите?

https://p.dw.com/p/15sqI
Фотографија: picture-alliance/ZB

Патрик ван Хелдер си го сака автомобилот и го полира, за тој негов најраскошен примерок и вистински да сјаје. Пред секое кратко возење - поглед под хаубата: понекогаш се нужни и неколку поправки - тоа бара многу нега и време. Но, освен овој МГ (еМ/Џи) од 1930 година, Белгиецот е сопственик и на уште шест други олдтајмери со вредност од околу 400 илјади евра. Скапо хоби, но тоа не му пречи на овој менаџер на претпријатие, напротив.

„Јас од убедување инвестирам во автомобили. Зошто? Оти вистински пари вредат - на почетокот чинат не повеќе од 2 до 3 илјади евра и не губат од вредноста, туку таа расте“, вели Патрик ван Хелдер, колекционер на олдтајмери.

Многумина Белгијци мислат како него и најрадо инвестираат во луксузни автомобили, уметност - и пред се’ во куќи, најчесто оние во кои самите живеат. Тие не се занимаваат со ризичното купување акции - само шест проценти учествуваат во берзанските бизниси.

„Инвестираме првенствено во недвижности, но не во акции“.

„Акции имавме порано, сега веќе не“.

„Спаѓам меѓу Белгијците кои порадо инвестираат во куќи и не сакаат да влезат во ризик со зделки со акции“, велат анкетираните Белгијци.

Само да не се влегува во ризик - се чини дека тој животен став функционира - секое петто семејство има заштедено повеќе од 50 илјади евра. Затоа што се толку конзервативни, Белгијците веројатно спаѓаат меѓу добитниците во европската криза.

Автомобилите се продаваат како алва

Трговецот со олдтајмери Филип Бурго во секој случај е добитник. Неговата лична колекција на автомобили „Бентли“ вреди повеќе милиони евра; и покрај кризата, вредноста не и’ падна. Во кризава трговијата со луксузни автомобили бележи пораст.

„Во економски тешката фаза во 2007 - 2008 година, на пример, продадовме повеќе автомобили од било кога. Ако го имате вистинскиот автомобил, единствениот од неговата сорта, секогаш има некој, кој би сакал да го купи токму тој примерок - тогаш вредноста двојно, тројно се зголемува. Пазарот на олдтајмери може да се спореди со пазарот на уметнички дела“, вели Филип Бурго.

Classic Remise
Фотографија: DW

Патрик и неговите пријатели првенствено им се радуваат на нивните стари спортски автомобили. Но, во кратките тури има и по малку бизнис: „Овде секогаш има и интерна трговија. Луѓето доаѓаат, гледаат други модели, што со задоволство сакаат да ги купат“.

Кризата нему лично не може многу да му наштети - за среќа, вели Патрик ван Хелдер, оти многу нерадо би се разделил од своите раскошни возила; конечно, тие не се само инвестиција, туку, како што вели, се дел од семејството.