1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белградската патријаршија бурно реагира на приведувањето на Јован

12 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AcQj

Приведувањето во полицијата на расчинетиот владика на МПЦ Јован,кого СПЦ го именува за свој претставник- егзарх во Македонија,,предизвика бурни реакции во Белградската патријаршија.Јавноста од друга страна е презаситена со ваквите настани.

Апсењето на Зоран Вранишковски,кого СПЦ го постави за свој Егзарх во Охридската архиепископија како велешко вардарски митрополит Јован, СПЦ во официјалното соопштение го споредува со прогоните на христијаните од првите векови на оваа религија.Во соопштението преовладува силен емоционален набој,но не се споменува МПЦ, која се бори за самостојност,туку се повикуваат властите во соседната држава.Актот на апсење е окарактеризиран како "неконтролиран одговор на тоа што на митрополитот Јован и на канонската Охридска архиепскопија им пришле или изјавиле дека ќе им пријдат голем број свештеници,монаси и монахињи и верници христијани,се вели во соопштението.
Црковнодостојниците на СПЦ нема како што дознаваме да се огласуваат поединечно додека не видат како ќе се одвиваат настаните околу митрополитот Јован,кој со едноставни зборови,е официјален претставник на Белградската патријаршија во Македонија.И овој случај претставува само продолжување на недоразбирањата меѓу двете цркви.Тоа не води кон ништо,како и многуте слични настани,вели за Дојче Веле социологот на религијата Богдан Ѓуровиќ кој веќе подолго ги следи меѓуцрковните односи:
-Сите православни цркви се национално обоени и тоа секогаш се споменува како мана на православието,а не како добра особина.Процесот на осамостојувањена МПЦ фактички е завршен со тоа што таа мора да биде формално призната од страна на другите православни цркви,вели професор Ѓуровиќ.
Мнозинството социолози на религијата но и јавни личности изразуваат загриженост поради се почестите сериозни недоразбирања на релација меѓу двете цркви.Малку некој гледа добра волја на едната или на другата страна.Но,никој не гледа ни некое средно решение.